Штафетно нуркање за мир
Штафетно нуркање за мир во водите на Охридското езеро . Со нуркање на здив во должина од 25 метри во рамки на овогодинешното издание на Охридскиот фестивал на вода беше испратена симболична но силна порака за мир почитување и толеранција насекаде во светот.
Специјален гостин е човекот „амфибија“, 71 годишниот Јане Петков од Бугарија, кој своето учество во оваа подводна штафета за мир го направи со нуркање на 25 м. со една рака врзана за телото.
Инаку, ова не е прв предизвик на Јане Петков ,тој во 2013 година за гинисов рекорд во Охридското езеро преплива повеќе од два километри целосно врзан во вреќа,потоа, врзан со лисици, ланци и катинари, потопен на дното на езерото, кој без никакви помагала, благодарение на техниките за дишење и медитацијата се ослободи и излезе на површината на водата.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар