Македонија
15. February 2022 - 12:23

Штип ќе ги покрие трошоците за градинка за децата со посебни потреби

Општина Штип обезбеди право на партиципација за згрижување во градинките на децата со посебни потреби и со ретки болести. Според градоначалникот Иван Јорданов, ова е првиот чекор во унапредување на положбата на децата со попречености.

-Донесовме одлука со која ќе го обезбедиме правото на партиципација преку покривање на трошоците за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, поточно, за деца со попреченост согласно следнава категоризација: пречки во телесниот развој, интелектуална попреченост, најтешки облици на хронично заболување, оштетен вид или слух, потполно отсуство на говор, аутизам, повеќе видови попречености и деца со ретки болести- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип. 

Средствата за оваа намена се обезбедени од општинскиот буџет за 2022 година, а штипските советници едногласно ја поддржаа одлуката.