Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија за МИА од Апелацискиот суд-Штип.
Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во притворски оддел.
Инаку во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен затвор, бидејќи лани на 8 август во раните утрински часови ја уби својата 84 - годишна мајка Марија Заркова. Убиството го извршил во семејниот дом, со нож, по што се јавил на бројот за итни повици. Судечкиот судија, Сашко Георгиев, во Основниот суд во Штип при изрекување на пресудата рече дека станува збор за најтешко кривично дело убиство, а заштитата на човековиот живот има апсолутен карактер и животот е природно човеково право. Според архивата на судот, Зарков во три наврати е суден за сторени кривични дела семејно насилство.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
