Штипската болница едвај врзува крај со крај
Енергетската криза силно ги погоди и јавните здравствени установи. Штипската клиничка болница електрична енергија набавува на слободниот пазар, што значи дека сметката им варира во зависност од берзанската цена на мегават час.
-Имаме ситуации, да речеме во јуни, сме имале околу 2,2 милиони денари сметка за струја, а во август за скоро приближен број на киловат часови потрошени, имаме скоро 5 милиони денари за струја. Се разбира дека тоа е сериозно финансиско оптеретување. И долговите кои останаа од Ковидот и високите сметки за струја оставаат последици по финансиското работење на Клиничка болница Штип, изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница - Штип.
Освен струјата и долговите, во изминативе 3 месеци во дефект се магнетната резонанца, томографот и ангеографот.
-Сите заедно сервиси за овие 3 апарати, нивната цена на чинење е 20 милиони денари, додаде Георгијев.
Магнетната резонанца е ставена во функција, ангеографот чека на сервис, а за комјутерскиот томограф допрва треба да бидат одобрени средства од фондот за негова поправка во висина од 10,5 милиони.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар