Штипските пожарникари кои беа во Турција ќе добијат и по една просечна македонска плата
Петмината штипски пожарникари-спасувачи, кои учествуваа во спасувачката мисија во Турција по катастрофалниот земјотрес ќе добијат дополбително по една просечна плата, а воедно откако ќе пристигнат во Штип ќе имаат и прием во кабинетот на градоначалникот, Иван Јорданов. Тој денеска истакна дека пожарникарите веќе се на пат кон Штип и очекува да пристигнат најдоцна оваа вечер.
-Во текот на вчерашниот ден искомунициравме со тимот на пожарникари од општина Штип којшто замина во Турција. Тие веќе се тргнати, се на пат да се вратат во Штип. Како што напоменав, како на наши сограѓани, им ја должиме целата почит, затоа веднаш по нивното пристигнување ќе организираме еден прием во кабинетот за да се заблагодарам за целиот приоднес, за целата пожртвуваност којашто ја дадоа во име на сите наши сограѓани. Она што можам да го кажам е дека најмалку што можеме да направиме е да им се заблагодариме со еден скромен надоместок, со една дополнителна просечна плата, за хуманоста, пожртвуваноста која ја покажаа на дело, вели Јорданов.
Општина Штип донираше и финансиски средства, воедно и испрати и тим од пет пожарникари, кои во Адијаман пристигнаа на 10 февруари. Нивната акција заврши вчеравечер, кога работеа на објект од кој, за жал, сѐ уште се извлекуваа само мртви луѓе.
Ново на Сител
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
