Штипското комунално претпријатие достави документи за поевтина струја од ЕВН
Штипското јавно комунално претпријатие ја достави потребната документација до ЕВН за користење на поевтина струја. Според мерките на Владата од 1-ви декември, овие институции ќе се снабдуваат со електрична енергија по фиксна цена од 95 евра за мегават час.
- Ова ќе значи дека сме на регулиран пазар, но повторно поцена повисока од онаа која што беше истиот период минатат година. Меѓутоа, земјаќи ги во предвид претходните сметки и цените на киловат час, ќе имаме можност да ги исплаќаме старите долгови, односно, оние долгови кои се наталожија во последната година и претходниот долг од 30 милиони денари, кој е беше платен-изјави Трајче Здравков, директор на ЈП „ИСАР“ - Штип.
И основните и средни училишта ќе плаќаат иста цена, која ќе им овозможи да ги подмират долговите.
- Поволноста е тоа што ќе имаме можност да ги предвидиме трошоците. Во изминатата година бевме оставени на слободен пазар, цената на електричната енергија беше зависна од светските берзи и достугнуваше одредени износи кои што ги надминуваа основните приходи на овие институции- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
И Јорданов и Здравков сметаат дека мерката е задоцнета, но сепак нуди стабилно менаџирање на установите во текот на претстојните зимски месеци.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар