Шумахер не може да комуницира како порано, легендарниот Ф1 тркач никогаш нема да се опорави целосно

Претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) – Жан Тод направи тажни откритија во врска со статусот на неговиот добар пријател Михаел Шумахер. Според прогнозата на Французинот, легендарниот Ф1 тркач никогаш нема да се опорави целосно по инцидентот спри скијање.
Во 2013 година, непосредно пред одбележувањето на Нова година, 7-кратниот светски шампион падна врз скриен под снегот камен и тоа доведе до сериозни трауми на мозокот. Тој итно беше опериран во локална болница, а оттогаш неговото семејство значително го ограничи протокот на информации во јавниот простор. Од пред извесно време Шумахер се врати во својот дом крај Женевското Езеро, каде што многу малку луѓе, како Тод, добиваат можност лично да се гледаат со 50-годишниот поранешен пилот.
Французинот продолжува да го посетува Шуми при секоја можност, а минатата недела беше специјален гостин на Фестивалот за брзина „Гудвуд“ во Западен Сасекс, Англија, каде беше оддадена посебна чест.
– Неговото семејство се бори исто толку колку и тој, но нашето пријателство никогаш не може да биде истото, како што беше порано. Само затоа што повеќе нема иста комуникација како порано. Можам само да споделам дека семејството на Шумахер вложува многу за да се грижи добро за него и тој продолжува со битката“, изјави Тод за весникот „Експрес“.
Ново на Сител
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
-

Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
