Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
Голем шумски пожар избувна попладнево на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите што се во конкретната област да се евакуираат кон Никити, јави дописничката на МИА од Атина.
Во гаснењето учествуваат 65 пожарникари со два пешадиски тима, 20 возила, волонтери, како и осум авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општините.
Поради пожарот во прекин е сообраќајот на возила на патот Неа Мудања – Спарти од Ормос Панагиас до Вурвуру, а од полицијата ги повикаа возачите да бидат особено внимателни и да ги следат упатствата од полицајците.
Според информациите, пожарот опфати густа шума.
Градоначалникот на Ситонија, Јоанис Малинис за порталот Вориа посочи дека ситуацијата е малку подобра, дека интервенираат голем број противпожарни сили и процени дека наскоро ќе го ограничат пожарот.
Ново на Сител
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот