Швајцарска долина се подготвува за евакуација по уривањето на глечер

Жителите на неколку швајцарски алпски заедници денеска остануваат во висока готовност, додека локалната река опасно се зголемува зад природна брана од шут, камења и мраз по уривањето на глечер претходно оваа недела.
– Бараме од жителите да се подготват за да можат што е можно побрзо да ги напуштат своите домови, соопштија општините Стег-Хотен и Гампел-Брач во долината Лечентал на нивната веб-страница.
Погодените области се наоѓаат на околу 20 километри низводно од селото Блатен, кое беше затрупано по откако се отцепи дел од глечер.
Остатоците ја блокираа реката Лонца на околу 1.500 метри надморска височина, при зад остатоците се собира вода, пренесе ДПА:
Властите се надеваат дека водата постепено ќе најде безбеден излез, но предупредија дека може да се прелее, потенцијално предизвикувајќи поплавен бран или лизгање на земјиштето доколку остатоците бидат однесени низводно.
На 300 жители на Блатен им беше наложено да се евакуираат во краток рок минатата недела. Еден 64-годишен маж, кој остана во областа и покрај наредбата, сè уште се води како исчезнат.
Ново на Сител
-

Валц во СБ на ОН: Мадуро и неговиот наркокартел ќе бидат лишени од ресурси
-

Изборот на новите министри на денешната 75. седница на Собранието
-

Ќе се разгледуваат претставки од граѓани на седница на Судскиот совет
-

Пет важни одлуки и девет иницијативи на последната седница на Уставен суд за 2025
-

Врховниот суд на САД го блокираше обидот на Трамп за распоредување на Националната гарда во Чикаго
-

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет
-

Облачно со повремен дожд, на планините снег
-

Магла на Стража, слаб снег на Попова Шапка
