-->
-->
Шведска го отпушти селекторот
-->

Јон Дал Томасон е сменет од селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Шведска. Ова денеска го соопшти Фудбалската федерација на Шведска.
„Управниот одбор на ФФШ донесе одлука да го прекине мандатот на Томасон како селектор на фудбалската репрезентација. Одлуката е донесена по слабите резултати во квалификациите за Светското првенство 2026“ е објавено на официјалниот сајт на федерацијата.
Шведска е последна во групата Б со само еден бод, а синоќа на домашен терен претрпе пораз од Косово со 1:0 и на четирите дуели во групата имаат три порази.
Томасон репрезентацијата на Шведска ја предводеше од февруари 2024 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Студено утро, сончев ден – температури до 12 степени
-

Курти убедливо победи на вонредните избори во Косово
-

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
-

Нова слаломска победа за Шифрин
-

Пораз на македонските ракометари на контролата со Хрватска
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиниката за гинекологија и акушерство
-

Собранието треба да го донесе новиот Закон за Судскиот совет
