Loading Video...
Ракомет
31. January 2022 - 9:48

Шведска по 20 години стигна до петата шампионска титула

Шведска е нов шампион на Европа. 
Популарните „викинзи “ ја победија Шпанија со 27-26 во  супер-драматично финале во кое победникот беше решен со удар од 7 мести по истекот на времето. 
 
Токму Екберг кој го реализираше пеналот заедно со  Бергендал со по пет постигнати голови беа најефикасните во редовите на новиот светски првак за кој уште една брилијантна партија имаше голманот паличка. 
 
Со тоа, Швеѓаните не само што не и дозволија на Шпанија да влезе во историјата како првата селекција која триумфирала на три последнователни првентва, туку и Шведска стана првата земја која стигнала до пет трофеи европски ракометен шампион. 
 
Бронзата и припадна на актуелниот светски првак Данска која во дуелот за третото место го победи Олимпискиот шампион Франција со 35-32 и тоа по продолженијата откако регуларните 60-минути равишија нерешено 29-29. 
 
Покрај овие четири селекции, а како петто пласирани на ова првенство, Норвежаните се оние кои обезбедија директен пласман на следното големо ракометно натпреварување, однсосно Светското првенство во Швадска и Полска што ќе се игра следната година. 
 
Македонската репрезентација која претрпе три порази во првата рунда од Словенија, Црна Гора и Данска, на крајот заврши како 22-ро рангирана во конкуренција на 24 селекции. 
 
Лошиот пласман на ова првенство е и причината поради која Македонија ќе мора да мите два противника во квалификациите за Мундијалот.
 
Во првата плејоф рунда ќе играме против Романците и тоа прво на домашен терен на 16 или 17 март, а потоа на 19 или 20 март на гости во Романија. 
 
Доколку нашите ракометари ја минат првата пречка, тогаш втората ќе биде селекцијата на Чешка против која прво би гостувале, а потоа реваншот би го играле на домашен терен и тоа во периодот од 11 до 17 април.