Шведска се враќа на старото: Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака

Шведска, земја која со години важеше за една од најнапредните во дигитализацијата на образованието, постепено се враќа кон традиционалните методи на учење. Наместо прекумерна употреба на таблети и компјутери, сè поголем акцент се става на печатените учебници, читањето книги и пишувањето со рака.
Шведските власти одлучија да го променат пристапот кон образованието поради загриженоста за влијанието на дигиталните уреди врз концентрацијата, читањето и усвојувањето на основните знаења кај учениците.
Како дел од овие промени, шведската влада во 2026 година издвои 555 милиони шведски круни за набавка на учебници и наставни материјали, со цел печатените книги повторно да добијат централно место во наставата.
Особено внимание се посветува на најмладите. Во предучилишното образование веќе се воведени построги ограничувања за користењето на екраните, при што предност им се дава на читањето, играта и учењето преку непосредна комуникација.
Истовремено, Шведска воведе и построги правила за употребата на мобилните телефони во училиштата, со цел да се намали одвлекувањето на вниманието и да се овозможи непречено одвивање на наставата.
Сепак, ова не значи целосно укинување на дигиталната технологија. Компјутерите и таблетите и понатаму ќе се користат кога имаат јасна образовна цел, но нема целосно да ги заменуваат традиционалните наставни средства.
Со овие промени, Шведска се обидува да воспостави подобра рамнотежа меѓу современата технологија и традиционалните методи на учење, ставајќи го акцентот на читањето, пишувањето и подобрувањето на концентрацијата кај учениците.
Ново на Сител
-

Победата на демократите ги потресе светските берзи
-

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
-

Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“
-

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
-

Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД
-

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
