Си: Кина и Индија се партнери за соработка, а не соперници
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, за време на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, изјави дека Кина и Индија се партнери во соработката, а не соперници, и дека двете земји една за друга се развојни прилики, а не закани.
Како што објави кинеското Министерство за надворешни работи, Си по средбата со Моди во кинескиот пристанишен град Тјенџин изјави дека „танцот на змејот и слонот“, односно постигнувањето добрососедски пријателски и партнерски односи меѓу двете најнаселени земји во светот, треба да биде вистинскиот избор и за Кина и за Индија.
Кинескиот лидер истакна дека минатогодишниот успешен состанок на самитот на БРИКС во Казан го означи повторното лансирање на односите меѓу Кина и Индија, при што размената и соработката меѓу двете земји постојано напредуваат.
Тој рече дека Кина и Индија, како две древни источни цивилизации и двете најнаселени земји во светот, се важни членови на Глобалниот Југ и дека тие ја носат одговорноста за благосостојбата на своите народи, промовирањето на единството и ревитализацијата на односите меѓу земјите во развој и унапредувањето на напредокот на човечкото општество.
Си нагласи дека оваа година се одбележува 75-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Индија и дека двете страни треба да ги набљудуваат и управуваат односите на двете земји од стратешка и долгорочна перспектива, дополнително да ги подобруваат преку самитот во Тјенџин и да го промовираат одржливиот, здрав и стабилен развој на билатералните односи.
Кинескиот претседател ги повика двете земји да ја зајакнат стратешката комуникација и да ја продлабочат меѓусебната доверба, со оценка дека сè додека останат посветени на сеопфатниот принцип да бидат партнери, а не соперници, и да си обезбедат едни на други можности за развој, а не закани, односите меѓу Кина и Индија ќе цветаат и ќе бележат постојан напредок.
Тој, исто така, рече дека Индија и Кина треба да ја прошират размената и соработката со цел да постигнат меѓусебна корист и меѓусебно корисни резултати.
Си оцени дека и Кина и Индија се во критична фаза на развој и ревитализација и треба да се фокусираат на развојот како нивен најголем заеднички именител, поддржувајќи, промовирајќи и постигнувајќи заеднички успех.
Тој додаде дека двете земји треба да ги почитуваат меѓусебните грижи и да ја поддржат хармоничната коегзистенција, како и да работат заедно за одржување на мирот и спокојството во пограничните области и да не дозволат граничното прашање да ги дефинира целокупните односи меѓу Кина и Индија.
Кинескиот претседател, исто така, како цел го наведе зајакнувањето на мултилатералната соработка, со цел да се заштитат заедничките интереси.
Си рече дека Кина и Индија мора заеднички да покажат историска одговорност, да го поддржат мултилатерализмот, да ја зајакнат комуникацијата и соработката по важни меѓународни и регионални прашања, да ја бранат меѓународната праведност и правда, да работат заедно за промовирање на мултиполарен свет и демократизирање на меѓународните односи и да го дадат својот должен придонес за одржување на мирот и просперитетот во Азија и во светот.
Ново на Сител
-
Паркови и зеленило со предупредување: Не паркирајте под дрвја, најавено е невреме
-
МНР на БиХ денеска му го поништи дипломатскиот пасош на Додик
-
Пожар во барака на ЦУК во Куманово
-
Кривична за 18-годишен скопјанец осомничен за „убиство во обид“
-
Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, ослободена од политички и други влијанија
-
Сиљановска Давкова за Кривичниот законик: Мора да се пополнуваат правните празнини и да се научат лекциите
-
Илјадници фалсификувани кукли Лабубу запленети во Велика Британија поради безбедносни ризици
-
Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да и обезбедиме на Украина