Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Марк Рубио изјави дека безбедносните гаранции што Киев треба да ги добие мора да вклучуваат воени, дипломатски и правни мерки.
Во телефонскиот разговор учествуваа и шефовите на дипломатиите на неколку европски земји и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
Сибиха истакна дека разговорот се темелел на претходните контакти меѓу лидерите на Украина и САД, успешната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон и работата на советникот за национална безбедност, пренесува Укринформ.
-Ја потврдив позицијата на Украина дека безбедносните гаранции мора да бидат конкретни, правно обврзувачки и ефикасни, рече тој, додавајќи дека тие исто така „мора да бидат мултидимензионални, вклучувајќи воено, дипломатско, правно и друго ниво“.
Сибиха истакна дека зајакнувањето на украинската армија е клучен дел од какви било гаранции, додавајќи дека Киев е подготвен да преземе понатамошни чекори за постигнување мир.
„Подготвени сме за состаноци на раководно ниво во кој било формат и географска локација. Подготвени сме да ги запреме убиствата и да ѝ дадеме шанса на дипломатијата. Доколку Русија продолжи да отфрла значајни, конструктивни чекори кон мир, таа мора да се соочи со последиците: сериозно заострување на санкциите и зајакнување на потенцијалот на Украина“, нагласи украинскиот министер за надворешни работи.
Стејт департментот истовремено објави дека официјалните лица се согласиле да „продолжат со координирање на дипломатските напори за завршување на руско-украинската војна преку долгорочно договорено решение“.
Ново на Сител
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши