Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Јордан
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот, вонреден и ополномоштен амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан со седиште во Анкара, Хазем Ал-Кхатиб Ал-Тамими.
-Упатувајќи срдечни поздрави до кралот на Јордан, Абдула Втори, како и до пријателскиот јордански народ, таа оцени дека двете држави споделуваат исти цивилизациски вредности: зачувувањето на мирот и безбедноста, почитување на човековите права и владеењето на правото, борбата против тероризмот, како и оние поврзани со екологијата, обновливите извори на енергија и економскиот развој, информираат од кабинетот на претседателката.
Денешниот свечен чин за неа е ново поглавје во зацврстувањето и натамошното унапредување на пријателските односи. Претседателката смета дека интензивираниот политички дијалог, особено изразен во последниот период, ќе биде препознаен од страна на јорданските бизнисмени и претприемачи, коишто ќе ги искористат сите погодности што македонската влада им ги нуди на странските инвеститори.
-Aмбасадорот на Јордан ја изрази подготвеноста да вложи максимални напори за отворање на сите хоризонти на соработка и воспоставување на правна основа за потпишување на договори и меморандуми за разбирање во сите области од заемен интерес. Тој истакна дека двете држави веруваат оти големината на една земја или бројот на населението не е она што е важно, туку човечкиот капитал и ефектот што луѓето го оставаат каде и да се, информираат од претседателскиот кандидат.
Во пресрет на одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, соговорниците изразиле задоволство од одличната билатерална соработка, како и подготвеност за нејзин натамошен развој и унапредување.
Посакувајќи му успешен мандат исполнет со реализирани иницијативи и проекти, претседателката изразила увереност дека амбасадорот Ал-Кхатиб Ал-Тамими ќе има целосна помош и поткрепа во извршувањето на одговорната дипломатска мисија.
Ново на Сител
-
Приведен 58-годишен маж од Кавадарци, возел со 2,13 промили алкохол во крвта
-
Елмас: Може да жалиме што не ја победивме Белгија
-
Синер убедливо го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
-
Приведен криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци
-
Тркалезна маса „Безбедно балканско туристичко лето 2025“
-
Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам
-
Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
-
Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации