Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржа предавање на Правниот факултет во Загреб.
За време на посетата, Сиљановска-Давкова ќе оствари средба со деканот проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето, кое ќе се одржи на хрватски јазик, ќе овозможи интеракција со студентите преку поставување прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас.
Претседателката вчера во Загреб беше пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што оствари средба и со премиерот Андреј Пленковиќ.
Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова положи венци на Споменикот на татковината и на спомен-бистата на Блаже Конески во паркот Бундек.
-Ми беше чест, во паркот Бундек во Загреб, да положам венец на спомен-бистата на истакнатиот македонски филолог, поет, прозаист, преведувач и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, Блаже Конески, истакна претседателката.
Паркот Бундек, како што посочи Сиљановска-Давкова, кој е сместен покрај брегот на Сава, не е само омилено рекреативно место на загрепчани, туку и дом на Алејата на писателите, каде нашиот Конески го зазема своето заслужено место меѓу светските книжевни умови.
-Тоа е уште еден доказ за неговата безвременска и универзална вредност, нагласи македонската претседателка.
Сиљановска-Давкова официјалниот престој во Хрватска го почна со посета на македонската православна црква „Свети Злата Мегленска“ во Загреб, каде оствари средба со претставници на македонската заедница во Хрватска.
МИА
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
