Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург. Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, соопштија денеска од нејзиниот кабинет.
Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на Европа. Настанот обединува водечки политичари, дипломати, експерти и бизнис лидери.
Главна тема на самитот годинава е „Европа - суверен глобален играч?“, со фокус на безбедноста на континентот, економската конкурентност, демографските промени и проширувањето на ЕУ.
Предвидено е претседателката да оствари средби со претседателот на Институтот на регионите на Европа, Франц Шаусбергер и со гувернерот на сојузната покраина Салцбург, Каролин Етстадлер, а на агендата е и Глобалниот семинар во Салцбург.
Во пресрет на 22. Европски самит во Салцбург, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера таа се сретна со македонските православни верници, кои неодамна формираа нова црковна општина „Св. Архангел Михаил" во Халејн, Република Австрија.
Како што соопштија од кабинетот на претседателката, пред црквата „Св. Антониј", Сиљановска-Давкова најпрво ја поздравија најмладите членови на македонската заедница, облечени во македонски носии.
Таа ги информираше за Националната стратегија за дијаспора и за Советот за дијаспора, за активностите врзани за Изборниот законик, како и за евроинтеграциите, а тие ја запознаа со работата и животот, изразувајќи задоволство од односот на австриската држава и општество кон нив.
Посебна благодарност изразија кон Маркус Данер, раководител на Парохискиот сојуз на Халејн за можноста да го користат просторот на Католичката црква за вршење на своите верски обреди.
МИА
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
