Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.
- Култот кон мајката Божја е сведоштво за нашиот непоколеблив дух и вера во неа, како и за важноста на мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности. Пресвета Богородица, како заштитничка на мајките и децата, има особено место во нашите храмови и домови, а најмногу, во нашите срца. Не случајно, посетители на бројните цркви и манастири, посветени на Богородица, не се само христијани, туку и припадници на други религии. И годинава, празникот Успение на Пресвета Богородица ќе го поминеме заедно со најблиските, се вели во честитката.
Во честитката, претседателката наведува дека очекува да ја надминеме духовната и морална криза и да им се вратиме на вистинските човечки вредности.
МИА
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе штедат на зимница - теглите со ајвар ќе бидат преполовени
-
Температурните осцилации ќе ја намалат годинашната реколта на ориз
-
Скопската Брза помош со многу работа, но со малку кадар
-
36 икони чекаат да се вратат во македонските цркви
-
Пожар го пеплоса имотот на семејство во Канатларци - штетата 100.000 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Власта и опозицијата различно ги читаат бројките на државната статистика
-
Тема на денот со Венко Филипче, СДСМ