Сиљановска-Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта.
Во рамките на меѓународната програма, таа ја проследи свечената седница на Националното собрание на Унгарија, на којашто се обратија неговата претседателка, Агнеш Форстхофер, унгарскиот претседател Андреш Бака, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и министерот за финансии на Норвешка, Јенс Столтенберг, соопшти кабинетот на претседателката.

Унгарскиот претседател Бака се осврна на идеалите и историското значење на револуцијата во 1956 година.
За него, седум децении потоа, европската демократија и солидарност повторно се исправени пред голем предизвик.
Тој повика на меѓусебна почит, одговорност и разбирање.
Фон дер Лајен и Кошта го потенцираа европското единство, ги поздравија демократскиот напредок и реформите во Унгарија и ги нагласија придобивките коишто земјата ги стекнала со членството во ЕУ изминативе 22 години.

Со едноминутно молчење, присутните оддадоа почит кон жртвите на револуцијата. На свечената седница беше прикажан и документарен филм.
За Сиљановска-Давкова Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ.
Според неа, чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа.
„Убаво е да се чујат највисоките претставници на ЕУ, кога велат дека Унгарската револуција има голем придонес во изградбата на демократијата, дека вреди да се бориме сите за Европа, како наш заеднички дом“, изјави претседателката.
Централниот комеморативен собир се одржа на плоштадот „Лајош Кошут“.

Сиљановска-Давкова присуствуваше на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.
МИА
Ново на Сител
-

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко
-

Утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
-

Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за пpодолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
-

Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја
-

Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
