Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) се одржа напреден едукативен семинар за судиите и асистентите судии од Прва МФЛ, како и свечена церемонија за доделување на ФИФА амблемите за македонските интернационални судии за 2026 година.
Пред присутните се обрати и шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој испрати јасна и мотивирачка порака до македонските судии.
„Потребни ни се квалитетни судии од секаде, вклучително и од Македонија. Потребни ни се врвни судии, потребен ни е квалитет. Отфрлете ги негативните мисли и дајте го вашиот максимум. Со нетрпение очекуваме да видиме судии од овие простори во нашите најголеми натпреварувања, во Лигата на шампионите, на Европските првенства и насекаде на меѓународната сцена. Сè зависи од вас“, порача Росети.

Тој упати благодарност и до раководството на ФФМ за континуираната поддршка кон судиската организација, потенцирајќи дека без силна поддршка од националните асоцијации не може да постои квалитетно судење. Росети ја истакна и важноста на инвестициите во услови за работа, организација и технологија, вклучително и во унапредувањето на ВАР системот.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во своето обраќање истакна дека федерацијата го исполнува ветувањето дадено пред една година, максимално да инвестира во судењето, во знаењето и едукацијата на судиите.
„Судиите се најважниот дел од судиската организација. Вашето однесување и вашите одлуки можат да го направат првенството многу полесно. Ние како федерација го правиме нашето, инвестираме во вашата едукација и развој. Од вас бараме да учите, да слушате совети од поискусните, да судите чесно и со минимум грешки. Убеден сум дека можете уште подобро. И покрај тоа, морам да кажам дека сме задоволни од начинот на кој судите и се однесувате“, истакна Омерагиќ.
Семинарот беше фокусиран на напредна стручна анализа на ситуации од натпревари, унифицирање на критериумите, физичка подготвеност, како и употреба на современа технологија во судењето. Повеќе од 70 судии и асистенти судии активно учествуваа во работните сесии, со цел дополнително унапредување на квалитетот на судењето во Прва МФЛ и создавање кадар подготвен за највисоки предизвици.

Со доделувањето на ФИФА амблемите, македонските интернационални судии официјално го добија признанието за нивниот квалитет и одговорност да ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена. ФФМ продолжува со силна поддршка и инвестиции во судиската структура, во насока на континуиран напредок, професионалност и присуство на македонски судии во елитните европски натпреварувања.
Ново на Сител
-

Скок на цените на природниот гас на европските берзи
-

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно
-

Одбраната на Деко бара куќен притвор поради влошено здравје, дошол на судење со отворена рана
-

Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата во кабинетот на претседателката
-

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија на Румен Радев води со 44,5%
-

Косовец со тесла ограбил тобако, украл 52.900 денари па избегал со велосипед
-

Водовод: Водата за пиење во Скопје одговара на правилникот за безбедност и квалитет
-

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии
