Свет
3. March 2026 - 19:10

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби

Силни експлозии одекнуваат во Доха, Дубаи и Абу Даби, според извештаи на новинари на AFP и изјави на локални жители, додека Иран ја продолжува кампањата на ракетни и дрон-напади низ Персискиот Залив.

Новинарите на терен јавиле дека се слушнале силни детонации во катарската престолнина Доха, како и во Дубаи, во Обединети Арапски Емирати. Двајца жители за АФП изјавиле дека експлозии се слушале и во главниот град на ОАЕ, Абу Даби.

Нападите се дел од пошироката ескалација на конфликтот, при што иранските сили изведуваат ракетни и беспилотни напади врз цели во земјите од Заливот. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.