Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети

Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети.
Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се погодени најмалку четири објекти во градот, вклучувајќи и станбена зграда.
Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека најмалку три лица се повредени, а оштетени се неколку станбени згради и училиште во центарот на градот каде избувнал пожар.
Сирени за воздушна тревога се огласија и во повеќе други региони на Украина.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на можен голем руски напад со новата суперсонична ракета со среден дострел „Орешник“, која минатата година беше стационирана во Белорусија.
Москва досега двапати ја употреби оваа ракета – во ноември 2024 година против воена фабрика и во јануари 2026 година врз фабрика за авиони во Западна Украина, во близина на границата со НАТО.
Рускиот претседател Владимир Путин вети воен одговор по украинскиот напад со дрон врз дом во Старобилск – украинска територија под руска окупација – во кој загинаа 18 лица, а над 40 се повредени. Киев негираше дека цел биле цивили и тврди дека погодил руска воена единица за дронови позиционирана во тој регион.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
