Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот

Силно невреме проследено со поројни врнежи од дожд и наместа град, го погоди попладнево Белград. Поплавени се голем број улици во градот како и автопат.
На Авала паѓаше град со големина на лешник.
Сообраќајот низ центарот на градот е исклучително отежнат – голем број автомобили и автобуси на градскиот превоз се заглавени, блокирани се возила на Итната медицинска помош како и на полицијата.
Големи колони возила се на правец кон Нов Белград како и преку Бранков мост кон центарот на градот.
Невремето погоди неколку места во околината на Белград.
Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) на Србија околу 15 часот издаде вонредно предупредување дека е пуштен во употреба системот за испраќање итни СМС информации до граѓаните, за невреме со дожд, град и силен ветер. РХМЗ на Србија соопшти дека невремето се движи кон јужниот-југоисточниот дел од државата.
Ново на Сител
-

Ѓаволот од бегство во куќен притвор
-

Бугарскиот парламент го усвои законот за буџет за 2026. во прво читање, претходеше тепачка во пленарната сала
-

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори во четири општини
-

Јаневска: За забрзување на напредокот, во 2026 рекордни вложувања во науката
-

Новиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година
-

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
-

Сиљановска - Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
