Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја

Невреме проследено со силен ветер и дожд вчера нешто по 20 часот го зафати Кочани и регионот. На повеќе локации во градот беа предизвикани проблеми во сообраќајот и во нормалното движење на луѓето.
Делови од градот останаа без електрична енергија. Сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Штип беше во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот.
Блокирани беа и неколку патни правци околу Кочани. Исто така, булеварот „Тодосија Пунов“ во Кочани е непрооден поради големи количини вода од дождот. На оваа сообраќајница имаше и возила кои беа заглавени во водата.
Екипи на ТППЕ и полицијата беа на терен и ги превзеле сите неопходните активности. Искршени стебла и гранки се забележуваат на повеќе локации во Кочани, што дополнително отежнува било какво движење.
Ново на Сител
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
