Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и против 32-годишник осомничен дека при вршење семејно насилство сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 19 јули, во семејниот дом во Тетово, осомничениот телесно го повредил неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и телото, објави 4news.mk
Кога оштетениот успеал да избега и да се засолни во другата соба, осомничениот продолжил да му се заканува дека ќе го убие.
Во однос на овој осомничен, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетениот.
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
