Македонија
24. January 2026 - 13:01

Системот „Безбеден град“ утре ќе се тестира во Тетово

СВР Тетово известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Тетово. Поради тоа на локациите каде се поставени уредите ќе има привремено запирање на сообраќајот. 

-За време на спроведувањето на активностите на конкретната локација, сообраќајот привремено нема да се пропушта додека трае постапката, по што ќе продолжи да се одвива нормално. Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, соопшти СВР Тетово. 

Активностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае приближно од 15 до 30 минути. 

МИА

Ново на Сител