Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени на домашен притвор од три месеци.
Со таа одлука на судот, ниту еден од 13-те приведени по падот на настрешницата повеќе не е во затворски притвор.
Обвинението, кое обвинителството го поднесе на 30 декември, беше вратено кон средината на април од страна на Вишиот суд во Нови Сад „на доработка“ со образложение дека „е потребно подобро разјаснување на предметот за да се испита неговата суштина“. Со тоа, постапката беше вратена во фаза на истрага.
Постапката ја води и Вишото јавно обвинителство во Белград, кое на почетокот на март поднесе обвинение за пропустите што доведоа до паѓање на настрешницата.
Реконструираната зграда на железничката станица во Нови Сад беше официјално отворена само четири месеци пред падот на настрешницата, со порака дека реновираната зграда ги надминува европските стандарди.
Несреќата предизвика масовни протести во Србија со кои се бара од властите одговорност за несреќата во која загинаа 16 луѓе.
Ново на Сител
-
Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април
-
Приведен 20-годишник од Скопје, возел со 121 километар на час на место каде е дозволено 50
-
Ракета на СпејсИкс експлодираше за време на тест | ВИДЕО
-
Трамп не сакаше да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти
-
Седници на неколку собраниски комисии
-
Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“