Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово

Сите патни правци низ државата се проодни, а намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Струмица - Валандово, информира ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово - Пресека - Ресен - Буково и Крушево, но во моментов не се задржува на коловозот. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, како што наведува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.
MИА
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
