Македонија
10. February 2017 - 16:53

Сител анализа: За кои болести граѓаните во Македонија најчесто оделе на лекар во јануари

Поради покачен крвен притисок македонските граѓани најчесто оделе на лекар во јануари. Податоците од Мој термин покажуваат дека матичните лекари оваа дијагноза ја утврдиле кај над 204.000 пациенти. На истите им биле издадени близу 693.000 рецепти. Токму и лекот за хипертензија е на врвот на најпропишувана терапија претходниот месец со издадени мад 192.000 кутии.

- Во претходниот месец имаме зголемен број на пациенти со покачен крвен притисок односно хипертензија. Ова најверојатно се должи на промените на времето како прво и зголеменото загадување како второ, изјави д-р Христина Лескароска, матичен лекар.

Поради индикации за кардиоваскуларни заболувања на дополнителни лабораториски испитувања во јануари биле испратени околу 131.500 пациенти, а на интернист над 48.000 граѓани.

- Пациентите кои имаат кардиоваскуларни заболувања се препратени на дополнителни специјалистички иследувања, додаде д-р Лескароска.

Статистиката од мој термин покажува дека во претходнипот месец над 20.000 граѓани поради проблеми со очите имале потреба од офталмолошки преглед, а околу 17.000 пациенти биле на ортопед.

- За разлика од декември кога пред ординациите на матичните лекари најчесто имаше пациенти со настинки и симптоми на грип, во јануари во чекалните најмногу се пациентите со кардиоваскуларни заболувања, пред се со покачен крвен притисок.