Сител тема: На клиника има околу 40 деца со предвремен пубертет, од 5 до 6 години. исхраната и песитидите се виновни за предвременото созревање
Четириесетина деца со предвремен пубертет во моментот се пациенти на Клиниката за детски болести. Повеќето се на возраст од пет и шест години и најголем број од нив се женски. На одделот за ендокринологија специјалистите им одредуваат терапија и ги бараат причините зошто девојчиња кои уште не тргнале на училиште имаат менструален циклус
-Родителите се испаничени, мислат дека крварењето е од нешто друго, но сепак, се одредува терапија бидејќи кај вакви деца може да дојде до проблеми со растот и развојот па може да останат ниски, вели д-р Аспазија Софијанова директор на Клиниката за детски болести.
Според лекарите бројот на деца со предвремен пубертет расте секаде во светот. И Македонија го следи тој тренд. Порано овие симптоми биле занемарувани и многу често не била поставена вистинската дијагноза. Сега педијатрите се решени сериозно да се занимаваат со оваа проблематика. Изворот за предвремен пубертет не го знае никој. Но ихраната и пестицидите имаат големо влијание .
-Секако дека конзервираната храна има големо влијание, потоа пилешкото месо и многу јадење на јајца кои се хормонски извор. Мора да се внимава што се јаде, вели Софијанова
Модерниот начин на живот и нездравата исхрана според педијатрите ја намалува и возрасната граница за влегување во светот на возрасните. Порано пубертетот почнуваше по 11-тата година. Сега гради и и влакна на интимните делови на децата почнуваат да им растат на 8 и 9 години.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
