Скапа ќе биде велигденската трпеза
Пензионерите претпразнично побрзаа да ги подигнат априлските пензии. Редици пред банкоматите, но радоста кратко ќе трае, велат анкетираните, зашто добија минимално покачување, а цените на прехрамбените производи драстично се зголемија. Велигден ќе го прослават со скромна трпеза, зашто јагнешко не можат да си дозволат, само за јајца ќе има, иронично коментираат.
- Јајца купивме по 5 гајби. Не се скапи, по 320 денари јајца не е скапо. Јагнешко не знам, дали едно или две јагниња да купам, многу се ефтини. Ќе купам две па нека има за цела година.
- Поскапено е месото, 630 денари за килограм јагнешко. Тоа е многу скапо за нашите услови, каде можеш да купиш
Пензиите последен пат беа покачени минатиот месец, кога добија покачување од 5%. Ново усогласување на пензиите се очекува во месец септември, согласно методологијата со која пресметка за пензиите се прави два пати годишно.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар