Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
Драстичен скок на цената на нафтата за над 7%, по неуспешните преговори за крај на војната и најавата на Трамп за блокада на иранските простаништа.
Ако САД го блокираат Ормутскиот теснец, аналитичарите предвидуваат дека цените ќе продолжат да растат и ќе достигнат некаде 120, 140 долари да барел, што ќе има сериозно негативни последици врз глобалната економија.
Дел од земјите веќе почнаа да воведуваат субвенции, за да спречат ценовен шок кај граѓаните. Германија, најави намалување на данокот кај горивата во следните два месеци.
„Знаеме дека блокирањето на Ормутскиот теснец ќе има негативни ефекти, особено за европската и азиската економија. Сега ја добивме најавата од германската влада дека всушност ќе се справи со некои од овие негативни ефекти за нивната економија, имено најавувајќи даночни олеснувања за потрошувачите, некаков вид субвенции. Иако ова навистина треба да донесе одредена помош за куповната моќ на германските домаќинства. Но, исто така не треба да ги затвори очите на Германија за тоа што има долгорочна стратегија, бидејќи колку и да е потребно за да се донесе некое краткорочно олеснување, уште поважно е долгорочна стратегија за да се направат Германија, а исто така и Европа независни од увоз на енергија од други места.“, изјави Карстен Бржески, главен економист за ИНГ истражување.
Американската војска, по наредба на претседателот Трамп, од денска попладне, најави дека нема да пропуштаат ниту еден брод кој влегува или заминува од иранското пристаниште.
Поминувањето нема да им биде попречено на бродовите чија дестинација или почетна точка не е иранското пристаниште. Со ова Трмап сака да го спрчи Иран да наплаќа такса за премин и да заработува од тоа.
„Стратешки, блокирањето на Ормутскиот теснец би му дало на претседателот Трамп подобри карти во преговорите со Иран, бидејќи целосно би го исклучило Иран од извоз на нафта во остатокот од светот. Оттука, тоа би му ги исклучило и приходите на Иран врз основа на нафта. Тоа би можело да биде позитивно за преговорите меѓу САД и Иран. За глобалната економија, тоа значи дека овој страв од подолготрајна блокада на Ормутскиот теснец повторно се вратил, што би значело дека би можеле да очекуваме цени на нафтата од 120, 140 долари за барел во подолг временски хоризонт, што пак би значело лоши вести за глобалната економија, побавен раст и повисока инфлација.“ додава Бржески.
Затворањето на Ормутскиот теснец е многу штетет потег, вели и претседателката на Еврсопаката Комисија, фон дер Лаен, која нагласи дека слободната пловидба е приоритет за Унијата. Подготвуваат и пакет мерки, кој ќе го презентираат следната недела во Кипар.
Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за над 22 милијарди евра.
44 дена, 22 милијарди евра., Ниту една молекула енергија дополнително.
И ова го покажува огромното влијание што оваа криза го има врз нашата економија.. Дури и ако непријателството престане веднаш, прекинот во снабдувањето со енергија од Заливот ќе продолжи уште некое време.
И затоа, разговаравме за низа мерки што ќе им ги презентираме на лидерите на следниот неформален совет што ќе го имаме следната недела на Кипар.
Исто така, разгледуваме координација на полнењето на складиштата за гас во земјите-членки на ниво на ЕУ за да се избегне многу земји-членки да излезат на пазарот истовремено, па затоа тие да се натпреваруваат едни против други.
И, исто така, ќе ги координираме пуштањето во употреба на залихите на нафта за да постигнеме најголем можен ефект.
Нови цени на горивата ќе има и кај нас од утре. Според пресметките на премиерот Мицкоски, дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, а бензините за денар и пол.
Сепак, дали ќе има намалување на цената или раст, ќе одлучи Регулаторната Комсија за енергетика. Ако поскпапувањето продолжи, не е исклучено утре владата да носи нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
