Скок на цените на природниот гас на европските берзи

Цените на природниот гас во Европа денеска нагло пораснаа откако Иран ја повлече својата одлука за повторно отворање на Ормуската Теснина.
На берзата во Амстердам договорната цена на природниот гас за испораките за еден месец порасна за речиси шест проценти и достигна 41,02 евра (48,26 долари) за мегават-час.
Иран во текот на викендот ја повлече претходната најава за повторно отворање на Ормуската Теснина и ги засили воените активности насочени кон контрола на пловидбата во областа.
Тензиите дополнително се зголемија поради поморска блокада на САД во теснината. Во текот на вчерашниот ден морнарицата на САД нападна и заплени ирански товарен брод, потег што иранската армија го нарече „воено пиратство“, најавувајќи соодветен одговор.
Воените случувања и евентуалното затворање на клучната трговска рута за енергетскиот извоз од Заливот придонесоа за нагло покачување на цените на природниот гас, кој во март достигна цена и 74 евра за мегават-час.
Пред почетокот на конфликтот, цените на гасот изнесуваа околу 31 евро за мегават-час.
МИА
Ново на Сител
-

Најтопло утрово во Демир Капија, најстудено на Попова Шапка
-

Трамп: Иран лансираше најмногу ракети и дронови досега, не грижете се, сите се соборени
-

Студенти во Јужна Кореја препишувале со AI, министерот за образование поднесе оставка
-

632 осомничени и 91 компанија под истрага по падот на турската берза
-

Облачно со дожд, на места засилен ветер
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
