Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
Основното јавно обвинителство поведе постапка против 40-годишен скопјанец кој физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари. Осомничениот се сомничи за кривично дело „телесна повреда“ казниво согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко. Таткото вознемирен го напуштил дворот, а осомничениот продолжил да и се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови по што и физички ја нападнал влечејќи ја за рацете. Ја турнал на земја и почнал да ја дави за вратот.
- Оштетената исплашена за својот живот, некако успеала да се тргне на страна, додека осомничениот продолжил да манифестира насилничко однесување кршејќи ги саксиите со цвеќе и останатите предмети во дворот. Како резултат на семејното насилство, на осомничената и биле нанесени телесни повреди, информираат од ЈОРМ.
Имајќи ја предвид опасноста од бегство и потребата од заштита на оштетената со која осомничениот живее во иста заедница, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во посета на Штип
-
Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“
-
Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН
-
Вонреден состанок на Воениот комитет на НАТО посветен на руското нарушување на воздушниот простор на Пактот
-
Трамп на арапските лидери ќе им го претстави предлогот за мир и управување со Газа по војната
-
Бил Гејтс вложува 912 милиони долари во борба против СИДА, туберкулоза и маларија
-
Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан
-
Сончево до среда, од четврток промена на времето