-->
-->
Скопјанец лишен од слобода, поранешната сопруга го пријавила за закани и физички напад
-->
Вчера во 09:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино, го лишиле од слобода И.П.С., 34-годишник од Скопје, а по претходна пријава од неговата 36-годишна поранешна сопруга, според која, тој дошол во нејзиниот дом во Неготино, при што ѝ упатил закани и физички ја нападнал, појаснија од СВР – Велес.
И.П.С. бил задржан во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центарот за социјални работи – Неготино.
По документирање на настанот, како што истакнаа од СВР – Велес, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги