-->
-->
Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-->

На 22.10.2026 во 14:00 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од две лица за сума од 117.000 денари.
Според пријавеното, на 21.09.2026 се сретнала со лицата, при што едниот од нив се претставил како вработен во Катастар и ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат нејзиното семејство да го откупи и приватизира земјиштето кое го користеле, а кое е во државна сопственост.
Како што е пријавено, таа во неколку наврати на лицето му ги исплатила парите, а потоа во Катастар побарала да ја известат за предметот, по што ѝ кажале дека лицето повеќе од две години не е вработен кај нив и сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштува МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
