Скопје домаќин на Форумот на стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион

Во Скопје денеска официјално почнува 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) – „ЕУСАИР во акција: од заложба до влијание“.
Форумот претставува настан од висок ранг, на кој е предвидено учество на високи претставници од земјите учеснички во ЕУСАИР, како и претставници на институциите на Европската унија.
ЕУСАИР е иницијатива на земјите-членки на ЕУ поднесена до Европската комисија и има за цел промовирање на одржлив економски и социјален просперитет во регионот. ЕУСАИР опфаќа 10 земји - 4 од нив се земји-членки на ЕУ (Хрватска, Грција, Италија и Словенија) и 6 земји кои не се членки на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Сан Марино, Црна Гора и Србија). ЕУСАИР исто така цели и кон поддршка на пристапувањето во ЕУ на земјите од Западен Балкан, кон создавање на синергии и поттикнување на координацијата меѓу сите територии во Јадранско-јонскиот регион.
На форумот ќе бидат опфатени различни теми вклучувајќи го унапредувањето на спроведувањето на ревидираниот Акционен план на ЕУСАИР, зајакнување на соработката во однос на проширувањето на ЕУ, промовирање на вклучување на младите, справување со демографските предизвици и поддршка на прекуграничната соработка и регионалната интеграција.
По официјалното отворање ќе почне панелот на министри и шефови на делегации на EUSAIR на тема „Макрорегионалната соработка како стратешка алатка за проширување - како подобро да се обликува иднината?“ на која е најавено обраќање на вицепремиерот за европски прашања Беким Сали, Хуго Собрал, заменик-генерален директор во Генералниот директорат за регионална и урбана политика на Европската комисија, Арманд Скапи, генерален секретар во Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, Милош Прица, амбасадор за специјални задачи во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Андреја Метелко-Згомбич, државен секретар во Министерството за надворешни и европски работи во Хрватска, Томасо Фоти, министер за европски прашања и кохезиска политика во Италија, Иван Иванишевиќ, генерален директор во Министерството за надворешни работи на Црна Гора, Кристина Милосављевиќ, министер-советник во Министерството за надворешни работи на Србија и Изток Јарц, генерален директор во Министерството за надворешни и европски работи на Словенија.
МИА
Ново на Сител
-

Велика Британија инвестира пет милијарди фунти во дронови и автономни системи
-

Како „Тикток“ и „Фејсбук“ го менуваат мозокот?
-

Државно финале на „Плазма - Спортските игри“: 600 млади се борат за пласман во Сплит
-

Дуња Иванова со највисок светски ранг во македонскиот велосипедизам
-

До петок нестабилно време со повремени врнежи од дожд
-

Професорка од Штип побарала 300 евра мито на студент од Турција за положување испит
-

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција
-

СП 2026: Мароко осминафиналист – Холандија го заврши настапот на Мундијалот
