Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан
Во понеделник и вторник во Скопје ќе се одржува лидерска средба ЕУ - Западен Балкан посветен на Планот за раст на која ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Од владината прес-служба денеска информираа дека во понеделник ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателот на Владата Христијан Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што ќе следи и билатерална средба со проширени делегации.
Во вторник ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан. На овој панел ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување Марта Кос, по што ќе следи заедничка прес-конференција.
Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст и на него ќе учествуваат министри, претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни партнери.
Европската комисија вчера соопшти дека еврокомесарката за проширување доаѓа во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст и дека покрај премиерот Мицкоски,на средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
Ново на Сител
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис