Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“

Актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, дијалогот и мирот ќе бидат во фокусот на дводневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ што денеска и утре се одржува во Скопје, на која ќе учествуваат поранеши шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија.
Во рамки на дводневната конференција, која е во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија 2009–2019, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов (ISLAA), како што е најавено, ќе се одржат тематски панел дискусии посветени на предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото, економскиот развој на Кина, регионалната поврзаност и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.
На свеченото отворање ќе се обратат Иванов, кој беше претседател на Република Македонија во периодот 2009–2019, Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата задолжен за политички систем, Џијанг Сјаојан, амбасадор на Народна Република Кина, како и претставник на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање (CAFIU).
На првиот панел „Предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“, како што е најавено, заедно со поранешниот претседател Ѓорге Иванов, ќе учествуваат шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и поранешен министер за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работи на Република Србија, Вук Јеремиќ, поранешниот министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач, и Ерик Ли, претседател на Центарот за Кина и глобализација, основач и претседател на Chengwei Capital, основач на Клубот Пекинг за меѓународен дијалог, политиколог и еден од најистакнатите кинески аналитичари за меѓународни односи, како и претседателот на извршниот одбор на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите, Иван Иванов.
Бројни професори, дипломати, истражувачи и претставници на академската, дипломатската и деловната заедница од Европа и Азија ќе земат учество на повеќе панели, посветени на економскиот развој и регионалната поврзаност и соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и иднината на цивилизацискиот дијалог и културната размена, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, креативноста и човечкиот потенцијал, како и улогата на младите во свет на промени и неизвесност.
МИА
Ново на Сител
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
-

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок
