Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, синоќа извршија обиколка на кејот на реката Вардар, каде што официјално започнува реконструкцијата на спортските терени. Скопје, како што објави на социјалните мрежи Ѓорѓиевски, добива уште еден значаен проект за унапредување на јавниот простор и спортската инфраструктура.
Проектот, како што соопшти Град Скопје, опфаќа изградба на нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и современи фитнес зони на отворено, со цел создавање здрави навики, активен живот и еднакви можности за сите генерации.

Паралелно, ќе бидат унапредени и ставени во функција и спортските терени во Маџир Маало, како дел од визијата за рамномерен развој и инвестирање во здравјето на граѓаните и иднината на Скопје.
-Кејот на Вардар од утре започнува да добива нов лик! Вечерва, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, извршивме обиколка на кејот на реката Вардар. Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации, напиша градоначалникот Ѓорѓиевски.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата.
-Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба, заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. Инвестирањето во спортски терени значи инвестирање во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје. Ова е само почеток. Нашата визија е да обезбедиме современи и достапни спортски терени во сите општини на град Скопје. Рамномерен развој, еднакви можности и активен живот за секој скопјанец, без разлика каде живее. Огромна благодарност до министерот Борко Ристовски за силната поддршка, напиша скопскиот градоначалник.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишен кумановец баран за издржување затворска казна од 3 години
-

До петок облачно со повремен дожд, а на планините снег
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“
-

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето (ДПЛ)
-

Мисајловски: Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „Страјкер“ за Армијата набавени од САД
-

Невремето затвори 242 училишта во Северна Ирска, главните патишта блокирани
-

Уапсен возач од кратовско, возел со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта
