Скопското училиште Лазо Трповски со рекорден број заразени наставници и деца
Ковид-19 изолираше дваесетина ученици и вработени од Основното училиште Лазо Трповски. По само една недела од стартот на второто полугодие, осум деца од оваа образовна установа се водат како позитивни, а од наставен и помошен персонал - двајца со симптоми чекаат резултати, осум веќе имаат позитивни тстови а останатите се дома поради постковид компликации. Градоначалникот на Карпош во изјава за Сител вели дека сите стручни лица се вклучени со цел да има редовна физичка настава.
-Директорот, педагогот и останати слободни и стручни лица се вклучени во наставниот процес се со цел да има настава за учениците, изјави Стевче Јакимовски, градоначалник на Карпош.
По големиот број на заразени на барање на општината денес имало и вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ во училитето. Инспекторите не констатирале пропусти во спроведување на протоколите, но ќе ја следат состојбата.
-Нема проблеми во делот на почитување на мерките, наложено е да нема групирање на наставници и ученици, засега нема да има онлајн настава и ќе продолжи како и досега, ја следиме состојбата, секако ако расте бројот ќе бараме решение, вели Јакимовски.
Иако има училишта како Лазо Трповски со поголем број на заразени, од Министерството за образование не добивме бројка на позитивни ученици и наставници во државата. И додека тие ги избројат активните случаи, вчера Комисијата за заразни боелсти најави скрининг по случаен избор во образовните установи како и тестирање во одделение кај контакти со заразен. Но кога ќе биде овој процес сеуште не е утврдено.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
