Славески: Рано е да има каков било ефект од американските царини
Гувернерот Трајко Славески смета дека е рано да се почувствуваат првите ефекти од воведувањето на американските царини кои засега за Македонија изнесуваат 15 отсто. Како што рече денеска, со оглед дека ваквата одлука е донесена „буквално пред некој ден“, допрва ќе се прават потребните анализи.
-Се уште немаме ефект од воведувањето на царините. Дури и проценките на САД се, зашто и кај нив ќе има влијание, дека по пет-шест месеци ќе може да ги почувствуваат првите ефекти. Царинските стапки се буквално од пред некој ден. Треба да направиме анализи, да видиме во која мерка тоа би влијаело, сега немам прецизен податок за тоа, нагласи Славески, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција.
Одлуката на САД според која македонските производи ќе се царинат за плус 15 отсто, стапува во сила денеска, а беше донесена на 1 август. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули.
Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и производите од Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35 отсто, од Босна и Херцеговина со 30 проценти, а најниска царина ќе имаат Албанија и Црна Гора, 10 отсто.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува царините од САД за Македонија да паднат под 15 отсто, зашто, како што изјави пред една недела, преговорите продолжуват во втората половина од август, по летните одмори. Министерството за финансии смета дека царините може да се намалат до 10 проценти, а според директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, до крајот на септември треба да се знае која царинска стапка ќе биде дефинирана.
МИА
Ново на Сител
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари
-
Преглед на вестите од светот
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци