-->
-->
Следната недела пеколни горештини во Македонија: Тропски ноќи и температури над 40 степени
-->
Следната недела Македонија ја очекува силен топлотен бран со продор на многу топол воздух од Африка. Времето ќе биде стабилно, сончево и суво, без врнежи, а температурите во поголемиот дел од земјата ќе надминуваат 35 степени. Во Скопската Котлина, Повардарието, централните и југоисточните региони се очекуваат и над 40°C.
Се прогнозираат и тропски ноќи, кога температурите ниту во ноќните часови нема да се спуштаат под 20 степени. Топлотниот бран би можел да трае шест до седум дена, по што се очекува постепено намалување на горештините.
Во исто време, поголем дел од Европа и Балканот ќе бидат под влијание на т.н. топлотна купола, која ќе донесе екстремно високи температури и ќе го зголеми ризикот од пожари поради сушата и ниската влажност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
