Македонија
17. October 2022 - 12:26

Слепите лица се жалат дека не можат да ги остварат основните права

Слепите лица тешко ги остваруваат своите права. Закон велат има, но не се спроведува во пракса. Примањата им се минимални, а не им е овозможено вработување.

  • Порано секое слепо лице не седеше дома, со рехабилитирано завршено образование веднаш се вработуваше. Има звучни програми, каде ние можеме да постигнеме многу големи успеси на тоа ниво на пример. И покрај тоа што сум образувана, имам учено во Белград, физеотерапевтски техничар сум, оваа држава не ми овозможи да се вработам, за да го докажам она што го имам постигнато, изјави Ливанта Дивчова, слепо лице од Штип. 

Доколку слепото лице има живи родители, се уште се пресметуваат и нивните приходи при доделување на некаква социјална помош. 

  • Ако си во заедница со родители кои имаат пензија, немаш право на социјална помош, иако си наполнил 40 или 50 години- изјави Дивчова

Уште потешко е кога родителите ќе починат, а лицата се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

  • Родителите ми починаа. Мајка ми почина во 2014-та, од тогаш живеев сам. Никој не ме праша ми треба ли нешто. Јас живеев со семејна пензија од 12.000 денари-изјави Горан Бошковски, лице со оштетен вид од Велес.

Отежнато им е самото движење. Не постојат семафори со звучна сигнализација, нема тактилни стази, а дополнителен проблем се и паркираните возила на тротоарите. За среќа, Горан и Ливанта од пред две години се имаат еден со друг и заеднички ги надминуваат предизвиците што им ги носи животот со хендикеп.