Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица
Најмалку 800 лица загинаа, а повеќе од 2.500 се повредени во земјотресот што ја погоди североисточната авганистанска провинција Кунар, соопштија властите.
- Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, при што загинаа над 800 лица, а околу 2.500 се повредени, соопшти портпаролот на авганистанската влада, Мавлави Забиула Муџахид.
Тој истакна дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачките операции сè уште се во тек.
Спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани под урнатините, а повредените се евакуираат со хеликоптери во побезбедни области. Министерството за здравство соопшти дека три села се целосно разрушени, а многу други се со големи оштетувања.
Таминдри де Силва, национален директор на „World Vision Afghanistan“, изјави за „Ал Џазира“ дека долината Мазар е епицентар на земјотресот, при што едно село е целосно уништено. - Ова е еден од најоддалечените и најсиромашните делови на Авганистан, со минимална инфраструктура, ограничен патен пристап и без здравствени установи или училишта, рече таа, додавајќи дека куќите, главно изградени од кал и без цврста конструкција, лесно се уриваат при земјотреси, што доведува до голем број жртви закопани под урнатините.
- Времето е клучно во оваа ситуација, нагласи Де Силва
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази „целосна солидарност со народот на Авганистан“ по катастрофалниот земјотрес и упати длабоко сочувство до семејствата на жртвите, посакувајќи брзо закрепнување на повредените.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, понуди хуманитарна помош, вклучувајќи медицински материјали. „Во овие тешки моменти и голема трагедија, изразуваме искрено сочувство и солидарност со народот на Авганистан и семејствата на жртвите. Иран е целосно подготвен да испрати хуманитарна и медицинска помош“, се посочува во соопштението од Кабинетот на Арагчи.
Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил непосредно пред полноќ по локално време. Куќите направени од кал и дрво се урнале, а хеликоптери се испратени за евакуација на повредените. Има извештаи за последователни потреси почувствувани во соседен Пакистан, па дури и во Индија.
Светските хуманитарни организации и соседните земји се мобилизираат за да обезбедат итна помош за погодените области, каде условите за спасување остануваат исклучително тешки поради недостигот на инфраструктура.
Ново на Сител
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни