Смртоносен пожар на туристичкиот остров Пукет, 11 загинати и 16 повредени | ВИДЕО

Во пожар што избувнал рано утрово во деловно-станбена зграда на Пукет, популарен туристички остров на југот на Тајланд, загинале 11 лица, а 16 биле повредени, соопшти полицијата за новинската агенција Ројтерс.
Пожарот избувнал во зграда во која се наоѓа агенција за изнајмување возила, по што се проширил и на неколку соседни објекти.
Огнот избувнал околу 3:17 часот по локално време, а на пожарникарите им биле потребни околу два часа за да го стават под контрола, соопштија тајландските власти.
Меѓу повредените има 15 државјани на Тајланд и еден државјанин на Мјанмар. Според полицијата, меѓу загинатите и повредените нема туристи.
Причината за пожарот засега не е позната и е предмет на истрага.
Зградата се наоѓа во урбаниот дел на островот, недалеку од популарната плажа Патонг, на западниот брег на Пукет.
Пожарот се случил четири месеци по пожарот во еден бар во Бангкок, во кој загинале најмалку 27 лица.
Ново на Сител
-

Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите, ќе се прецизираат роковите
-

Минчев: Транспарентноста, отвореноста и отчетноста мора да станат природен начин на работа на институциите
-

Шасивари: Нулта толеранција за насилството врз жените
-

Закани за скопски кошаркар: Порака го чекала на автомобилот во подземна гаража
-

Бугарија доби повик за помош од товарен брод што тоне во Црното Море
-

Кражба во Визбегово, украдени злато, пари и возило на МЕПСО
-

Скопјанец на Бит Пазар физички нападнал сосед и неговата малолетна внука, им се заканувал со остри предмети
-

По повеќечасовна потрага, пронајден планинарот кој исчезна во Мариово
