Снег во Србија и Црна Гора
Од утрово на Копаоник паѓа слаб снег, а според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод, температурата на планината во седум часот изнесувала нула степени.
Снег има и во Сјеница, додека на Златибор утрово била измерена температура од два степена, а на Црн Врв три.
Планинскиот превој Јабука, кој се наоѓа на висина од 1.250 метри, утрово беше покриен со снег.
„Овој снег не очекувавме, а уште повеќе ни беше изненадување што сè се побелеше како во зимските месеци. Снежинките паѓаат големи, како среде зима“, изјави жител на Јабука.
Поради ниските температури и снегот што паѓа од раните утрински часови во ова гранично село, возачите кои минуваат преку овој планински превој се советуваат да бидат внимателни, особено поради ризикот од мраз.
На другите места во Србија температурите се под 10 степени, освен во Заечар, Неготин и Димитровград каде што се измерени 11 степени.
Во мај снег паѓаше и во Жабљак, има снежна покривка и во Мојковац, додека во останатите делови на Црна Гора времето е значително постудено со врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и попосветено ќе работиме на реформите
-
Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван
-
Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката
-
На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција
-
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција