Loading Video...
Кошарка
27. February 2022 - 10:54

Со Димитриевиќ и Магдевски во составот на вечерашниот меч против Грузија

Машката македонската кошаркарска репрезентација, вечерва во Скопје, ќе го одигра возвратниот натпревар против Грузија во рамките од квалификациите за СП 2023 година
 
Грузијците првиот дуел одгран пред три дена во Тбилиси го добија убедливо со 21 поен разлика 91:70, па и вечерва тие важат за фаворити во дуелопт со нашата репрезентација. 
 
И на овој натпревар ќе го нема селекторот Драган Баиќ, кој е Ковид позитивен, па Александар Јончевски ќе ги предводи црвено-жолтите од клупата. 
 
За разлика од првиот меч сега во составот ќе го имаме Ненад Димитриевиќ од кој се очекува да биде лидер на новата генерација. 
 
 
„Претходните два-три дена правев третмани, се чувствувам многу подобро и подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата на натпреварот со Грузија. Мислам дека ќе биде различен меч од оној во Тбилиси. Играме дома, еве и јас можам да помогнам и се надевам на тотално поинаков развој на настаните. Сите веруваме во подобар исход, а атмосферата во тимот е најважна во вакви ситуации. Познато е дека Мек Фејден и Шермадини, неколку години играат на сериозно високо ниво во шпанската лига. И јасно е дека тие се најсилна страна на грузиската репрезентација. Затоа и ќе се обидеме да ги запреме колку е тоа возможно. Верувам дека можеме“ изјави Димитриевиќ.
 
Во тимот ќе биде Андреј Магдевски, како и Андреј Андоновски кој треба да го замени повредениот Маслинко. 
 
Натпревар Македонија - Грузија што ќе се игра вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, е дуел од 4.коло во Г групата во која средбата меѓу Украина и Шпанија нема да се одигра поради актуелната безбедноста ситуација во Украина