Со меѓународна поддршка започнува 8. сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Со силна визуелна порака од медицински експерти од целиот свет, денеска официјално се отвора осмата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2026“.
Според организаторите на кампањата, постојат дијагнози кои се ретки, но надежта и солидарноста мора да бидат сеприсутни.
-Оваа година, кампањата започнува со моќен меѓународен поттик. Во официјалното видео, доктори од различни земји, со дланки обоени во симболичните бои на ретките болести, испраќаат порака дека науката и човечноста не познаваат граници. Тие обоени дланки се ветување дека нашите пациенти не се сами во својата тиха борба, стои во соопштението.
Кампањата, предводена од Здружението „Ретко е да си редок“, во соработка со „Живот со предизвици“, оваа година го осветлува патот на пациентите – буквално и преносно. Имено, на 1 февруари, знаменитостите низ државата ќе се обојат во боите на ретките и ќе светат во текот на целиот месец, симболизирајќи ја будноста на општеството кон потребите на овие граѓани.
-Осмата сезона е доказ дека истрајноста е посилна од секој предизвик. Обоените дланки на докторите во видеото се симбол на прифаќање и разбирање. Нашата цел е знаењето да го победи стравот, а едукацијата да ги отвори вратите за подобра терапија и достоинствен живот на секој поединец со ретка дијагноза - изјави Гордана Лолеска, претседател на „Ретко е да си редок“.
Како и во изминатите години, кампањата продолжува со својата професионална едукативна дејност. Таа ќе понуди стручна експертиза со нови текстови и видеа за ретки болести, подготвени во соработка со врвни специјалисти од Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ и регионалните болници.
Сите материјали ќе бидат достапни на македонски и албански јазик, со цел информациите да стигнат до секое семејство. Воедно, февруари ќе биде месец на свесност и во текот на целиот месец ќе бидат објавувани содржини кои ги прават „невидливите“ дијагнози – видливи за институциите и јавноста, најавуваат органзиаторите.
МИА
Ново на Сител
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
-

Хоман нареди подготовки за повлекување на агентите од Минесота
-

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела
-

Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци
-

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
-

Израел врати 15 палестински тела, подготвувајќи ја следната фаза од мировниот план
-

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
-

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност
