Со мирен марш струшките средношколци им оддадоа почит на жртвите во Кочани

Со три минутен молк под мотото „Сите да се избориме ние да не сме следните жртви на системот - Ти си следен“ струшките средношколци со транспаренти и силни пораки со мирен марш им оддадоа почит на жртвите од пожарот во Кочани.
Маршот тргна од пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“ се движеше по кејот на реката Црн Дрим, низ струшката Чаршија и заврши повторно пред Центарот за култура.
- Денес сме собрани да ја искажеме нашата тага и да ги споделиме нашите мисли, очекувања и незадоволство. Се одлучивме на мирен марш бидејќи еден ден може да е секој еден од нас. Ние сме младоста на оваа држава, ние сме државата, истакна средношколката Анастасија Илоска.
Ги замоли присутните собирот да помине без никакви инциденти, посочувајќи дека учениците ќе се вратат во училиштата по завршување на настанот.
Ученичката Теона Блажеска смета дека младите треба да се силни и храбри да ја спречат корупцијата за да не страдаат.
- Она што се случи во Кочани беше страшено. Бевме потресени сите. Да се прекине корупцијата и да има правда за сите, вели Блажеска.
И средношколката Ема Ристиќеска изрази почит за загинатите во Кочани, изразувајќи револт, за, според неа, системот и корупцијата кои одземаа многу млади и невини животи.
- Не е првпат што на ваков начин гинат невини луѓе во нашата држава поради корупцијата и системот. Им го зема животот на децата пред кои беше иднината, пропаднаа сите соништа кои ги имаа во една вечер. Многу ми е жал што на таква забава на трагичен начин загинаа толку млади луѓе. Навистина треба да преземеме нешто и да не оставиме да гине народ, туку да се собереме и да направиме промена, што ќе гарантира нашата држава да не претрпе повторно ваква загуба, вели Ристиќеска.
Кон маршот на средношколците се приклучија и родители, кои сметаат дека трагедијата во Кочани е премногу.
- Дојде време ние како родители со сила, и да не сакаат децата да ги праќаме во странство за да имаат систем. Нас ни фали систем, мир, ред и дисциплина. Ни фали децата кога ќе излезат да не се грижиме дали ќе се вратат живи и безбедни. Имаме слобода која ја нема во светов, но немаме мир. Многу сум загрижена и потресена и време е сите да се свестиме. Немаме друга држава, ова е наша и заедничка и сите треба да продолжиме вака сплотени. Сплотени сите како што јас ова го видов во Струга, без поделба на вера и нација. Ова е целокупен општествен проблем, не само политички. Треба да внимаваме и како ги воспитуваме децата, како ги насочуваме, рече Елизабета Пинтоска.
Ново на Сител
-

Мицкоски: За две години имаме исплатено една милијарда денари повеќе субвенции отколку претходната за три години
-

Лани изградени 3 733 станови, со просечна површина од 75 метри квадратни
-

До крајот на неделава сончево, повремено со дожд и температура до 36 степени
-

СДСМ: Власта донесе катастрофа во земјоделството
-

Од денеска специјална лента само за МТАГ
-

Моника Белучи: Не вреди убавината доколку нема талент за глума
-

САД и Иран постигнаа договор за крај на војната, нафтата падна под 84 долари
-

ЕУ го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија
